Сведоштво на задоволен пациент Љубомир Василевски опериран од катаракта

Пред една година ми се појавијa првите симптоми, почнав послабо да гледам со десното око.

Првите потешкотии при откривање на катарактата?

Првично бев во Охрид на офталмолог и докторот ми кажа дека на двете очи имам катаракта – перде и дека не треба да одложуваме за операција. Бев загрижен и исплашен, и со синот ги разгледувавме опциите на кој да ги доверам моите очи. Во тој период се сретнав со двајца пријатели и низ разговор ми кажаа дека имале иста дијагноза, па несебично споделија нивни искуства. После тој разговор сфатив дека патот ме води кон Промедика Офталмологија и Д-р. Наум Трпеноски. Наредниот ден го контактирав тимот на Промедика Офталмологија и веднаш ми закажаа преглед и операција во истиот ден.

Опишете го искуството од прегледот па сѐ до самата интервенција

Пред самата интервенција бев вознемирен и загрижен како сѐ ќе заврши, но благодарение на стручноста на медицинскиот персоналот на чело со Д-р. Наум, сите тие мисли полека исчезнаа.
Посебна благодарност до Наташа која што во целиот овој процес беше одговор на сите мои прашања. После операцијата попладнето кога стигнав дома ја извадив преврската од окото, чувството беше неверојатно, сѐ беше кристално јасно, никакво црвенило, заматеност и никакви знаци дека сум правел операција.
Здравје Боже, во брзо време се спремам за операција и на другото око.
Би ви препорачал секој кој што има проблем со видот да се обрати кај Д-р. Наум Трпеноски, а потоа правец во Охрид да уживате во прекрасната глетка и боите на Охридското езеро. 
Има една кратка охридска изрека со која што би го опишал моето искуство “МНОГУ ЗБОРОЈ – МНОГУ УБАЈНИ”.
Споделете го текстот