Каква е глобалната состојба со катарактата на светско ниво?
Хирургијата на катаракта претставува статистички најчеста хируршка операција. Катарактата погодува над 50 милиони луѓе на глобално ниво, предизвикувајќи 33% од вкупното оштетување на видот и 51% од вкупното слепило. Благодарение на технологијата на интраокуларни леќи (IOL) слепилото од катаракта може да се отстрани. Како тренд и потреба која се јавува сѐ почесто е освен да се добие вид на далеку, да се добие вид и на блиску со корекција на presbyopia. Кога кажувам вид на блиску мислам на читање без употреба на наочари на лап топ, компјутер, гледање фискална сметка и читање на весник.
Од пред еден месец ги донесовме моментално најсовремените леќи во светот за таа намена, тоа се Bausch Lomb – LuxSmart. Toa се леќи со таканаречена продолжена длабочина на фокус. Ново е кај нив што тоа се рефрактивни леќи, со технологија Pure Refractive Optics (PRO). Досегашните леќи со продолжен фокус беа дифрактивни, технолошки составени од концентрични кругови и кај нив се јавуваше појавата на дисфотопсија и халоа. Народно кажано при ноќно возење пациентите имаа појави на мали тенки светлосни објекти околу објектот кој го гледаат. Потребен беше период од 6 и повеќе месеци за смалување на тие феномени. Кај LuxSmart IOL леќите имаме добра чувствителност на контраст и супериорна способност за ноќно возење. Ова е поради нивниот рефрактивен дизајн но и поради нивниот состав. Тие се хидрофобни што значи исто така намалување на ризикот од несаканите визуелни феномени. Бидејќи овој материјал е биокомпатибилен со окото во кое се вградува многу помал е процентот на секундарни катаракти (заматување на задната капсула на окото). Исто така овие леќи доаѓаат фабрично вградени во системот за вградување на овие леќи при што се намалува можноста за оштетување на леќата. Овие системи за нивно вградување во овој случај се за еднократна употреба и претставува помал ризик од пост-оперативна инфекција.
Дали овие леќи го штитат и окото од штетните видови на светлина? И кои видови на светлина се штетни за окото?
Исто така и самата природна светлина содржи UV зрачење. Природната леќа на човекот ја има оваа заштита но таа при операцијата на катаракта мора да се отстрани и на нејзино место да се стави вештачка леќа, затоа е важно да леќата која што ќе се вгради има ваков UV филтер.
Кои се карактеристиките на таканаречените жолти леќи?
Жолтите леќи освен овој заштитен филтер содржат и филтер за заштита од плавата светлина која исто така е штетна за окото.
Кои се останатите предности на овие леќи?
Оваа нивна стабилност да остане засекогаш во окото онака како хирургот ги поставил е важна за обезбедување добар вид на далеку и блиску без наочари а посебно е важна кога се вградуваат таканаречените цилиндрични леќи за далеку и блиску.