Постепено намалување и заматување на видот што може да доведе до привремено слепило – д-р сци. Наум Трпеноски во интервју за CRNOBELO.com појаснува што е тоа катаракта (народски „перде“) и одговара на прашања поврзани со операција на ова заболување.

Во интервју за CRNOBELO.com д-р сци. Наум Трпеноски објаснува сè што треба да знаете за катаракта: Што е катаракта (перде), какви се симптомите и како се дијагностицира?
Кому може да му се појави и од која возраст?
Катарактата најчесто се јавува по 50-тата година од животот, меѓутоа денес се среќаваме со појава на катаракта и кај доста помлади пациенти околу 40-тата година, па дури и порано. Катарактата исто така може да биде и вродена.
Дали е катарактата наследна и дали може некако да се превенира?

Дали единствениот начин на лекување е со оперативен зафат? Или има вежби и други третмани?
Единственото лекување на ова заболување е оперативно, односно се отстранува заматената леќа и се заменува со имплант (интраокуларна леќа) која ќе ја врши истата функција како и природната леќа и која останува во окото засекогаш.
Кои се последиците ако не се направи операција?
Доколку не се направи оперативен зафат ќе настане комплетно губење на видот.
Дали со операцијата на катаракта се отстранува и диоптријата? И дали може да се регулира и видот на близина?
Да, со операција на катаракта се отстранува и диоптријата за близина како што е читање на книга, работење на лаптоп, гледање на рачен часовник, телефон, итн.
Според вас кои леќи се најдобри за отстранување на оваа диоптрија на близина?
Според мене, најдобри се монофокалните леќи со продолжен фокус и трифокалните леќи. Акцентот го ставаме на нив во нашата болница Промедика Офталмологија бидејќи и едните и другите остваруваат извонреден резултат во видот на далечина и близина на 30 и 70 cm.
Овие леќи заземаат голем замав на пазарот бидејќи во овие модерни времиња на лап-топ и мобилни телефони едноставно сме зависни од видот на близина.

Колку време трае зафатот, но и закрепнувањето од операција на катаракта?
Сте правеле ли некогаш корекција на таков тип на операција на пациенти кои претходно имале неуспешна операција на друго место? Постои ли решение?
Да, решение секогаш постои. Сме правеле многу корекции кај веќе оперирани пациенти кај кои постоперативно била заостаната поголема диоптрија.

Има ли пациенти на кои не може да се изврши операција на катаракта од некои причини и кои се тие?
Нема, катаракта е замаглување на природната човечка леќа и истата може и мора да се отстрани.
Кој е најнов тренд и можност во хирургијата на катаракта?
Многу е покомфорно за хирургот, бидејќи окото во 3D слика го гледа во своите природни димензии и истото нуди значително зголемена сигурност, а со тоа и големо задоволство од успехот на операцијата.