room full with equipment monitor and a machine for eye 3d visualization

Упатство за хирургија на катаракта

Клучни сознанија • Современа и најнова технологија и апаратура• 3D оперативен систем.• пред-оперативни испитувања : ‣ Рефракција‣ Одредување видна острина‣ Мерење очен притисок‣ Преглед на очно дно‣ Ехо биометрија‣ IOL master‣ ОЦТ испитување Објаснување Со Монофокалните интраокуларни леќи (сферична –бела кружна , асферична бела – рамна и асферична жолта – рамна) пациентот постигнува добар вид на далечина, а за близина задолжително ќе треба да носи очила.Со Мултифокалните EDOF леќи со продолжен фокус пациентот добива добар вид на далечина и добар вид на близина на 50 cm.Со Мултифокалните- Трифокалните…

повеќеУпатство за хирургија на катаракта

Нови методи при очни операции во Струмица

Фако хирургијата пристигна во очното одделение на струмичката болница… Фако хирургијата пристигна во очното одделение на струмичката болница. Направени се првите 16 операции на отстранување катаракта односно очно перде. Офталмолозите велат дека тоа е едноставна еднодневна ласерска операција со минимален рез од 2,4 милиметри кој не се шие, па пациентите уште истиот ден одат дома. Народот има голем бенефит и пациентите веднаш си одат дома истиот ден, или утредента, а после неколку дена можат да почнат со своите работни активности.…

повеќеНови методи при очни операции во Струмица

Д-р Наум Трпеноски: Здравството функционира како три клинички центри – на Бихаќка, Белата Палата и Мала Речица

Македонското државно здравство покажа исклучително ниско ниво на справување со пандемијата. Друго и не можеше да се очекува ако се земе предвид во каква состојба беше и пред пандемијата. Имаме потполно партизирано здравство, вели во интервју за Прес24, Др Наум Трпеновски, очен хирург и магистер по здравствен менаџмент. Доктор Трпеновски, кој е еден од најеминентните очни хирурзи во државата, и бил дел и од државното и од приватното здравство, вели дека раководните функции и вработувањата како и кај претходната, така…

повеќеД-р Наум Трпеноски: Здравството функционира како три клинички центри – на Бихаќка, Белата Палата и Мала Речица

ПРВИОТ И ЕДИНСТВЕН ЦЕНТАР ЗА КАТАРАКТА ГО ОДБЕЛЕЖА СВОЈОТ ЈУБИЛЕЈ

Промедика Очна Хирургија го одбележа своето едномесечно постоење со извршени 65 операции на катаракта. Промедика Очна Хирургија започна со работа на 6 јуни оваа година предводена од др. Наум Трпеноски, долгогодишен очен хирург со специјалност во хирургијата на катаракта заедно со својот тим. Покрај експертизата на тимот, за успехот на овој центар голема заслуга има и врвната нејзина опременост со најсовремена апаратура и материјали. „Воспоставеноста на квалитетот уште на самиот почеток ни го донесе овој рекорден резултат. Промедика Очната Хирургија…

повеќеПРВИОТ И ЕДИНСТВЕН ЦЕНТАР ЗА КАТАРАКТА ГО ОДБЕЛЕЖА СВОЈОТ ЈУБИЛЕЈ

Сведоштво на задоволен пациент Љубомир Василевски опериран од катаракта

Пред една година ми се појавијa првите симптоми, почнав послабо да гледам со десното око. Првите потешкотии при откривање на катарактата? Првично бев во Охрид на офталмолог и докторот ми кажа дека на двете очи имам катаракта – перде и дека не треба да одложуваме за операција. Бев загрижен и исплашен, и со синот ги разгледувавме опциите на кој да ги доверам моите очи. Во тој период се сретнав со двајца пријатели и низ разговор ми кажаа дека имале иста…

повеќеСведоштво на задоволен пациент Љубомир Василевски опериран од катаракта

Сведоштво на задоволен пациент опериран од катаракта на двете очи со вградување на мултифокални леќи

Сенада Ибраимова, на возраст од 37 години, по професија дипломиран новинар на работна позиција советник за односи со јавност. Во месец ноември 2022 година оперирана катаракта на двете очи со вградување на мултифокални леќи. Првите потешкотии при откривање на катарактата? Претходно десетина години носев очила со мал диоптер за далеку и некој мал цилиндар. Но, дека имам друг проблем со очите забележав есента 2021 година. На десното око при дневна светлина ми се појавуваше некое сивило, тој период бев многу…

повеќеСведоштво на задоволен пациент опериран од катаракта на двете очи со вградување на мултифокални леќи

Д-р Наум Трпеноски, офталмолог: „Со операција на катаракта се отстранува и диоптријата за близина, зафатот трае 20-тина минути“

Постепено намалување и заматување на видот што може да доведе до привремено слепило – д-р сци. Наум Трпеноски во интервју за CRNOBELO.com појаснува што е тоа катаракта (народски „перде“) и одговара на прашања поврзани со операција на ова заболување. Катаракта, или како што народски се нарекува „перде“, е неретко офталмолошко заболување, кое најчесто се јавува кај повозрасни пациени, а се лекува со операција. На оваа тема поразговаравме со д-р сци. Наум Трпеноски, кој појаснува што е тоа катаракта, кои се…

повеќеД-р Наум Трпеноски, офталмолог: „Со операција на катаракта се отстранува и диоптријата за близина, зафатот трае 20-тина минути“
dr naum standing by a medical equipment

Докторот со најмногу операции на катаракта зад себе: Човек треба да го работи само она што најдобро го знае

ФАКТОР: Кажете ни нешто повеќе за Факоемулзификацијата Факоемулзификацијата е метод на операција на катаракта. Природната леќа која е заматена со ултразвук се истиснува и потоа се аспирира. На нејзино место низ мал хируршки рез од 2.2мм се вметнува свитлива интраокуларна леќа. Хируршкиот рез не се шие туку за 24 часа самостојно зараснува. Операцијата се прави со локална анестезија која се аплицира со помош на капки. Анестезијата трае околу 15 до 20 минути. Пациентот по операцијата не се хоспитализира, односно не…

повеќеДокторот со најмногу операции на катаракта зад себе: Човек треба да го работи само она што најдобро го знае

Интервју Промедика– Д-р Наум Трпеноски

Каква е глобалната состојба со катарактата на светско ниво? Хирургијата на катаракта претставува статистички најчеста хируршка операција. Катарактата погодува над 50 милиони луѓе на глобално ниво, предизвикувајќи 33% од вкупното оштетување на видот и 51% од вкупното слепило. Благодарение на технологијата на интраокуларни леќи (IOL) слепилото од катаракта може да се отстрани. Како тренд и потреба која се јавува сѐ почесто е освен да се добие вид на далеку, да се добие вид и на блиску со корекција на presbyopia.…

повеќеИнтервју Промедика– Д-р Наум Трпеноски

Модерм интервју со д-р сци. Наум Трпеноски

Модерм разговараше со брендот, докторот и пред сѐ човекот Наум Трпеноски, специјалист офталмолог, очен хирург и менаџер на Промедика Офталмологија. Блиц факти за д-р Наум: Прва операција на катаракта со фако-метода во нашето државно здравство. Повеќе од 15.000 извршени операции на очи. Предавач по повик на Воено Медицинската Академија во Белград. Основач и претседател на МАКАРЕКС Македонското здружение за катаракта и рефрактивна хирургија. Поле на интерес му се хирургијата на катаракта и глауком. По потекло е од Вевчани и е…

повеќеМодерм интервју со д-р сци. Наум Трпеноски