МУЛТИФОКАЛНИ ЛЕЌИ

Мултифокални интраокуларни леќи се тип на леќи дизајнирани да обезбедат јасен вид на повеќе растојанија, намалувајќи ја или елиминирајќи ја потребата за очила или контактни леќи по операција на катаракта.

Тие имаат повеќе зони или прстени со различна моќ на фокусирање вградени во леќите. Овие зони му овозможуваат на окото да ја фокусира светлината од предметите на различни растојанија кон мрежницата, овозможувајќи јасен вид на блиски, средни и далечни растојанија.
Со време мозокот учи да избира соодветен фокус во зависност од тоа каде гледате.

Бенефити:

  • Подобрен вид на повеќе растојанија
  • Намалена зависност од очила:
  • Подобрен квалитет на живот:
  • Потенцијал за подобра перцепција на длабочина

Clareon® PanOptix®
Трифокални IOL леќи

PanOptix® Обезбедува вид во близина, средна далечина и на далеку.
PanOptix® користи патентирана ENLIGHTEN® технологија.
Им нуди на пациентите исклучителен вид на секое значајно растојание  

Бенефити:

  • Clareon® PanOptix® нуди поудобно средно растојание за пациентите од 60 cm наспроти 80 cm
  • Докажано задоволство на пациентите
  • Повеќе од 9 од 10 Пациенти пријавиле целосна независност од очила