УПАТСТВО ЗА ХИРУРГИЈА НА КАТАРАКТА

Со Монофокалните интраокуларни леќи (сферична –бела кружна , асферична бела – рамна и асферична жолта – рамна) пациентот постигнува добар вид на далечина, а за близина задолжително ќе треба да носи очила.
Со Мултифокалните EDOF леќи со продолжен фокус пациентот добива добар вид на далечина и добар вид на близина на 50 cm.
Со Мултифокалните- Трифокалните интраокуларни леќи пациентот добива добар вид на далечина, како и добар вид на блиску на 40см и 70см.

Човечката природна леќа има функција на природно филтрирање.
При оперативниот зафат се вади човечката природна леќа и се става вештачка леќа.
Интраокуларната леќа која има син филтер ја заменува оваа функција (тоа е жолтата леќа)
Жолтите интраокуларни леќи го штитат задниот дел на окото од штетната сина светлина .

ВАЖНО:

Со било кој тип на леќа пациентот да е опериран потребни ќе бидат наочари со мала диоптрија за да се добие идеален видпоради тоа што при операцијата се прави отвор од 2.2мм кој дава одредена диоптрија.

Пред-оперативни испитувања

  • Рефракција

  • Одредување видна острина

  • Мерење очен притисок

  • Преглед на очно дно

  • Ехо биометрија

  • IOL master

  • ОЦТ испитување

Што да знаете пред операцијата?

Секој пациент кој ќе се одлучи за операција на катаракта предoперативно потребно е да направи неколку прегледи.

ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ и ЕКГ

Основна крвна слика со гликемија која не треба да биде постара од 30 дена, како и ЕКГ не постаро од 7 дена.
Напомена: Доколку пациентот прима терапија за простата (FLOMAX) koj e алфа блокатор и генеричко име му е Tamsulosin (Tanyz) или друг препарат на природна основа, мора за истото да го информира лекарот кој ќе ја врши операцијата, бидејќи кај овие пациенти поради употреба на горенаведените лекови е оневозможено ширење на зеницата. (Се мисли на сите пациенти кои воопшто некогаш го примале овој лек повеќе од еден месец.) Поради тоа интраоперативно потребно да се аплицира механички пупиларен дилататор (оперативен ринг) со цел механичко проширување на зеницата во тек на оперативниот зафат

ПРИПРЕМА

Два дена пред закажаната операцијата се капат капки Tobradex 4×1 или на секој 4 саати и тоа во 8h; 12h; 16h; 20h во окото кое е за операција. Исто така оние пациенти кои примаат антиглаукоматозна терапија (терапија за очен притисок) е потребно истата да продолжат и да не ја прекинуваат ниту пред, ниту по операцијата на катаракта.

ДЕНОТ НА ОПЕРАЦИЈА

За операција на катаракта предвидено е пациентот да престојува од 2-4 часа во болницата. (време потребно за припрема на пациентот , кое не опфаќа лежење во болнички кревет и болничка соба)

Пациентот пожелно е лесно да доручкува на денот од операцијата.

Доколку пациентот има препишано редовна хронична терапија потребно е да ја испие како секој нормален ден. Доколку пиете таб. Аспирин прекинувате 5 дена пред оперативниот зафат. Доколку примате антикоагулантна терапија или терапија по шема ке треба да се консултирате со хематолог да ви препише Клексан терапија. Операцијата на катаракта е кратка и трае 10-15 минути и се изведува со локална анестезија (капкии е безболна.

КАКО ДА СЕ ОДНЕСУВАТЕ ПО ОПЕРАЦИЈA НА КАТАРАКТА СО ФАКО МЕТОДА

Пациентот ја вади преврската од окото во 18 часот и окото повеќе не се затвора.
По вадење на преврската истиот ден се започнува со постоперативната терапија. Во оперираното око се ставаат капките Tobradex 4×1 во 18h; 19h; 20h и 21h. Од следниот ден се продолжува повторно со капките Tobradex 4х1 во 8h; 12h; 16h и 20h. Првиот ден нормално е пациентот да гледа матно, да има црвенило во окото и да чуствува благо пецкање и мали болки во окото.

 

Доколку пациентот прима антиглаукоматозна терапија (терапија за очен притисок) задолжително е да ја продолжи истата онака како ја ставал и предоперативно. Исто така потребно е да се продолжи и со редовната хронична терапија (дијабет, крвен притисок и сл.)

Нова диоптрија на оперираното око се одредува еден месец по операцијата, до тогаш не се носат очила со диоптрија. Доколку имате потреба да носите очила стаклото на окото кое е оперирано треба да се промени со стакло без диоптрија кое може да го промените и во нашата оптика. Цената е во зависност од антирефлексот на другото стакло. Може доколку сака да носи сончеви очила.

Во окото не треба да влегува вода во наредните 10 дена, односно пациентот може нормално да го мие лицето но тоа да го прави со затворени очи.

Дозволено е работење на пареа, гледање на телевизија и умерено подигање на тежина.

Закажете термин за подготвитлен предоперативен третман :